Европски првенства
Доминација во завршницата за важна победа: Македонија славеше на гостувањето кај Швајцарија
Македонската машка ракометна репрезентација стигна до многу важна победа над Швајцарија (23:25), на денешното гостување од квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи на почетокот во 2022 година.
По рутинскиот триумф над Финска, ова беше поголем предизвик за избраниците на Данило Брестовац, а Кире Лазаров и неговите репрезентативни колеги успеаја со одлична игра во последната четвртина од мечот да ги обезбедат важните бодови.
Во првото полувреме два пати стигнавме до два гола позитива, но на крајот Лазаров обезбедуваше нерешени 10:10 со гол во последните секунди.
Швајцарците подобро го започнаа второто полувреме и стигнаа до плус три, но тајм-аутот на Брестовац направи целосен пресврт.
Направивме серија од 5:0 и го преземавме водството, па македонската репрезентација не ја испушти предноста до крај и славеше со 23:25.
Лазаров реализираше 6, Стоилов 5, а Георгиевски и Кузмановски по 4 голови, додека кај нашиот денешен противник очекувано најдобар реализатор беше Шмит со 7 голови.
Претходно, во истата група, Данска лесно ја совлада Финска со 22:40, па сега Македонија и Данска се на делба на првото место со максимален учинок, а Швајцарија и Финска имаат по два пораза.
-
Репрезентација14 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства12 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства13 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација16 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства15 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Свет24 часа
Нејмар откри детали од периодот во ПСЖ: Мбапе се промени по доаѓањето на Меси
-
Репрезентација14 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор
-
Англија16 часа
Гвардиола за новиот договор на Халанд: Тоа е поради…