Поврзете се со нас

Евролига

Доминација под кош, поени, асистенции: Како Теодор Симиќ блескаше во Евролигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Теодор Симиќ со својата Барселона успешно го мина квалификацискиот турнир во Валенсија и оваа година ќе игра на завршниот турнир во Евролигата кој ќе се одржи во Келн.

Нашиот репрезентативец иако има само 16 години се претстави во одлично светло во битката на турнирот кој беше до возраст до 18 години. Теодор беше одличен во финалето против Хувентуд на кое уфрли 12 поени со 5 скока, 1 асистенција, двоцифрен беше и во групната фаза против Гран Канарија каде даде 10 поени, 8 скокови, 1 асистенција и 1 украдена топка, додека поскромен учинок имаше во пресметките против Улм (6 поени, 3 скока) и Нантер (4 кошеви, 2 скока, 1 асистенција).

Во продолжение погледнете ги мајсториите на синот на легендата на македонската кошарка Тони Симиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни