Поврзете се со нас

НБА

Доминација на странците: Само еден Американец во тимот на сезоната во НБА лигата (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Во ноќта во која Далас направи брејк на првиот меч против Минесота во конференциското финале, НБА лигата ги објави најдобрите петорки за сезоната која влегува во завршната фаза, а од сите три објавени тима, секако најголемо внимание привлекува оној најсилниот.

Првата петорка ја сочинуваат дури четворица странски кошаркари, односно Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Јанис Адетокумбо, Шеј Гилџес Александер и Џејсон Тејтум како единствен американски претставник.

Ѕвездата на Бостон е човекот кој ја брани честа на Американците во најдобрата петорка на сезоната, што доволно укажува на тоа дека странските кошаркари земаа се поголем замав изминативе години.

Во резервниот тим во Америка се најдоа Џејлен Брансон, Ентони Дејвис, Кевин Дурент, Ентони Едвардс и Кавај Ленард, а место за Леброн Џејмс имаше само во третиот тим.

„Кралот Џејмс“ се најде во третата петорка, од која дел се уште Девин Букер, Стеф Кари, Тајриз Халибартон и Домантас Сабонис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни