Поврзете се со нас

НБА

Доминација на социјалните мрежи: Најмоќните две минути од документарецот со Џордан (Видео)

Објавено

на

Мајкл Џордан ја реактивираше својата неверојатна популарност откако спортските фанови изминатиов период ги следеа осумте епизоди од документарниот филм „Последниот танц“, а во пресрет на финалните две епизоди не стивнуваат реакциите за она што досега беше прикажано.

Социјалните мрежи вријат од коментари за многу детали и потези кои се случувале во позадина додека Чикаго Булс освојуваше НБА титули, но доминира споделувањето на говорот на Џордан од околу две минути во кои тој на емотивен начин објаснува што за претставувало за него да се биде лидер и цената која мора да се плати за да се биде успешен.

Објаснувањето на Џордан се претвори во инспирација за спортските фанови, а многумина велат дека ова се најдобрите и најмоќните две минути во целата серија.

Серијата „Последниот танц“ ќе заврши викендов со последните две епизоди, a истата веќе соборува рекорди со бројките кои ги постигнува во однос на гледаноста на „ЕСПН“ и „Нетфликс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни