Доминација на шампионите, Ифланд ја заокружи перфектната сезона!

Photographer Credit:
Dean Treml/Red Bull Content PoolPhotographer Credit: Dean Treml/Red Bull Content Pool

Австралијанката Ријана Ифланд ја комплетираше совршената сезона во Билбао, Шпанија, освојувајќи ја седмата по ред победа во светското првенство Red Bull Cliff Diving и стана прв спортист во светската серија кој бил непобеден цела година. На машката платформа, глетката беше препознатлива со Британецот Гери Хант славеше пред 27.000 навивачи кои се собраа покрај реката Нервион, откако ја забележа неговата петта победа оваа сезона.

Ифланд, која заедно со Хант го обезбеди „Трофејот на Кралот Кахекили“ уште на претходната станица во Мостар пред три недели, продолжи со својата рекордерска форма за да го постигне тоа што досега не го постигнал ниеден маж ниту жена. Имено, 28-годишната „господарка“ Далечниот Југоисток  беше недопирлива од 21-метарската платформа оваа година, а четвртата титула во низа покажува колку е далеку пред своите ривали во моментов.

– Навистина, се уште не ми се верува. Навистина е тешко да се подготвиш за настан кога веќе ја имаш обезбедено титулата во Мостар. Морав само да се обидам да бидам концентрирана на овој настан. Но, оваа година беше чудесна за мене и само сакам да продолжам со таа самодоверба. Сакам да продолжам да уживам во спортот колку што уживав оваа сезона. Знаев дека морам да направам добар скок. Навистина сакам да ги освојам поените и да имам чист пласман. Овде се моите пријатели од Велика Британија, а и моето момче. Чувството беше навистина убаво и многу сакам кога навивачите ви даваат убава енергија, тоа помага,- рече Ифланд.

Канаѓанката Лизен Ричардс го заврши денот со 27 поени помалку, на второто место, додека Џесика Маколи од Англија го комплетираше подиумот. Во генералниот пласман за сезоната е обратно, зашто Британката која е во својата прва сезона како постојана учесничка, заврши пред Ричард, додека Канаѓанката го обезбеди третото место втора сезона по ред.

Хант пристигна во Баскија со челична решеност повторно да ја покаже својата доминација, по понизниот пораз кај Стари Мост од новата ѕвезда во спортот, Константин Поповичи од Романија. А насмевката на Британецот беше широка како Нервион кога излезе од водата и виде дека е пред Мексиканецот Џонатан Паредес за победа. Другиот Британец, 17-годшиниот Ејдан Хеслоп, и покрај својата кревка возраст успеа да го освои третото место и да си обезбеди позиција на подиумот во неговиот втор старт како најмлад нуркач во светската серија.

Втората позиција од генералниот пласман ја освои Паредес, кој го обезбеди ова место по вторпат после 2016 година, па така 2019 е негова петта година по ред да заврши меѓу првите тројца на табелата. Трет на подиумот во генералниот пласман е Американецот Енди Џонс, кој го повтори својот пласман од 2016 година.

– Ова многу ми значи. Го освоив шампионатот со победа. Не сакав да ја завршам оваа сезона неубаво. Чувството е супер, навистина најдобрите на светот беа овде, секако и легендата Орландо Дуке. Затоа сум навистина презадоволен. Сакам да ги преминувам границите и да правам работи кои никој не ги направил досега. Овој настан не беше добар кон мене досега, па убаво е што го освоив и него,- изјави Хант.

Како легенда на спортот, Орландо Дуке од Колумбија се поклони за збогум со неговата видна кариера, а неговото последно натпреварување беше придружено со громогласен аплауз од илјадниците фанови. Тој сепак нема да ја напушти сцената од 27 метри без да го предаде на некого своето наследство. Неговиот ученик, 19-годишната Марија Паула Кинтеро ќе ја претставува Колумбија во 2020 година, откако таа си обезбеди место меѓу постојаните атлети за следната година.

Покрај Кинтеро, уште две нуркачки влегоа во следната сезона со вајлд-карти, Жаклин Валенте од Бразил и Ирис Шмидбауер од Германија. Алесандро Де Росе од Италија исто така повторно се квалификуваше за целата сезона откако минатата година беше со вајлд-карта кај мажите.

Во светското рангирање, каде што се земаат предвид Светскиот куп на ФИНА и Светските шампионати покрај натпреварувањата од светската серија, врвните осум спортисти си обезбедија постојан билет за скоковите од 21 и 27 метри.

По огромниот успех од последната пресметка во 2015 година, мостот „Ла Салве“ во Билбао уште еднаш се докажа како одличен домаќин на возбудливата кулминација од светската серија.

Трите сосема нови локации, рекордната сезона кај жените и двете „совршени нукрања“ со „сите десетки“ од судиите кај мажите, како и чисти гребени кои стануваат лансирни рампи на речиси половина од локациите – ја направија потрагата на спортистите по славниот „Трофеј на Кралот Кахекили“ навистина возбудлива во 11 сезона од светската серија.

Нурнувајќи од висини до 27 метри со брзини кои надминуваат 85 км/ч, без заштита освен нивната концентрација, вештината и физичката контрола никогаш не биле толку неприкосновени и совршени како оваа измината година.

Резултати (мажи): 1. Гери Хант (Велика Британија) 398,95 поени, 2. Џонатан Паредес (Мексико) 390,95 поени, 3. Ејдан Хеслоп (вајлд-карта) (Велика Британија) 384,60 поени, 4. Константин Поповичи (Романија) 380,80 поени, 5. Енди Џонс (САД) 375,25 поени, 6. Алесандро Де Росе (вајлд-карта) (Италија) 372,80 поени, 7. Блејк Олдриџ (Велика Британија) 370,75 поени, 8. Михал Навратил (Чешка) 356,25 поени, 9. Мигел Гарсија (вајлд-карта) (Колумбија) 354,00 поени, 10. Олексиј Пригоров (Украина) 346,65 поени. Дејвид Колтури (САД) 333,90 поени, 12. Славик Колешников (вајлд-карта) (Украина) 296,50 поени, 13. Овен Вејмаут (вајлд-карта) Велика Британија) 290,20 поени, 14. Орландо Дуке (вајлд-карта) (Колумбија) 153,60 поени.

Резултати (жени): 1. Ријана Ифланд (Австралија) 327,60 поени, 2. Лисејн Ричард (Канада) 300,80 поени, 3. Џесика Макалеј (Велика Британија) 295,50 поени, 4. Марија Паула Кинтеро (вајлд-карта) (Колумбија), 287,95 поени, 5. Ксантеја Пениси (вајлд-карта) (Колумбија) 278,90 поени, 6. Јана Нестсијарава (Белорусија) 260,30 поени, 7. Ирис Шмидбауер (вајлд-карта) (Германија) 259,00 поени, 8. Еленор Таунсенд Смарт (САД) 255,55 поени, 9. Селија Фернандез (вајлд-карта) (Шпанија) 247,70 поени, 10. Жаклин Валенте (Бразил) 182,65 поени.

Табела (мажи): 1.Гери Хант (Велика Британија) 1160 поени, 2. Џонатан Паредес (Мексико) 750 поени, 3. Енди Џонс (САД) 540 поени, 4. Константин Поповичи (Романија) 470 поени, 5. Михал Навратил (Чешка) 460 поени.

Табела (жени):  1. Ријана Ифланд (Австралија) 1200 поени, 2. Џесика Макалеј (Велика Британија) 670 поени, 3. Лисејн Ричард (Канада) 660 поени, 4. Јана Нестсијарава (Белорусија), 580 поени, 5. Еленор Таунсенд Смарт (САД) 500 поени.

*Поради студеното време, резултатите од Ирска не се сметаат во генералниот пласман на светската серија Red Bull Cliff Diving.

Нуркачи кои изборија место за светската серија Red Bull Cliff Diving 2020

Мажи:

Алесандро Де Росе (Италија), Енди Џонс (САД), Константин Поповичи (Романија), Дејвид Колтури (САД), Гери Хант (Велика Британија), Џонатан Паредес (Мексико), Михал Навратил (Чешка), Стивен ЛоБуе (САД)

Жени:

Еленор Таунсенд Смарт (САД), Ирис Шмидбауер (Германија), Жаклин Валенте (Бразил), Џесика Макалеј (Велика Британија), Лисејн Ричард (Канада), Марија Паула Кинтеро (Колумбија), Ријана Ифланд (Австралија)

Facebook Коментари