Поврзете се со нас

НБА

Доминација на ЛеБрон, Лејкерс закажаа финале со Индијана

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Lakers

Лос Анџелес Лејкерс ќе биде претставник на западната конференција во првото финале на новото натпреварување наречено НБА куп, а до таква привилегија стигна благодарение на доминантниот настап на ЛеБрон Џејмс.

Ветеранот одигра маестраелен натпревар против Њу Орлеанс Пеликанс, со што Лејкерс закажаа финале со Индијана, која пак на Истокот стигна до победа над Милвоки Бакс.

Џејмс одиграл само 23 минути, но и тоа му било доволно за 30 поени, 8 асистенции и 5 скокови, додека Ривс и Дејвис додале по 17, односно 16 поени во победата со резултат 133:89.

Индијана го победи Милвоки со 128:119, а најдобри поединци биле Халибартон со 27 и Тарнер со 26 поени. Адетокумбо вообичаено постигнал најмногу, 37 поени во редовите на Милвоки, но Бакс останаа без посакуваното финале и пресметка со Л.А Лејкерс во него.

Финалето на првото издание на НБА купот ќе се игра во Лас Вегас, во недела наутро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни