Евролига
Доминација на домаќините во Евролигата, Димитријевиќ и Милано немаа решение за Баерн

Домашните екипи победија на сите пет натпревари одиграни во Евролигата, а најдраматично беше на дербито меѓу Панатинаикос и Фенербахче, кое на крајот заврши со резултат 91:90.
Хејс направи голема глупост со лична грешка на една секунда до крајот, па Нан со едно од двете слободни фрлања го реши победникот за голема радост на фановите во Атина.
Армани Милано не се снајде најдобро во второто полувреме на гостувањето кај Баерн Минхен и забележа нов пораз во Евролигата, во уште еден натпревар во кој Еторе Месина го подзаборави Нено Димитријевиќ на клупата.
Македонецот доби солидна минутажа во третиот период и постигна 8 поени, но италијанскиот состав веќе немаше сили да ја стопи негативата на германскиот состав.
Димитријевиќ го заврши натпреварот со 8 поени и 2 асистенции, а најефикасен во неговиот тим беше Ледеј со 17 поени.
Анадолу Ефес го совлада Реал Мадрид пред своите фанови, Жалгирис беше подобар од Алба, додека Црвена Звезда беше поуспешна од Асвел.
Анадолу Ефес-Реал Мадрид 79:73
Жалгирис-Алба 73:53
Црвена Звезда-Асвел 73:66
Панатинаикос-Фенербахче 91:90
Баерн М-Милано 87:70
-
Лига на шампиони23 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони20 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони8 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Лига на шампиони10 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Италија8 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Лига на шампиони20 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…
-
Лига на шампиони10 часа
Анри објасни зошто Халанд не може да се споредува со Мбапе
-
Англија9 часа
Руни ја потенцираше големата јануарска трансфер грешка на Гвардиола: Навистина чуден потег