Поврзете се со нас

Формула 1

Доменикали го посети Тајланд како дел од планот за Ф1 градска трка во Бангкок

Објавено

на

Фото: https://www.facebook.com/ThaigovSpokesman

Формула 1 шампионатот може да има трка во Тајланд уште пред крајот на актуелната деценија, најавија локалните власти на азиската земја, кои деновиве имаа средба со првиот човек на натпреварувањето, Стефано Доменикали.

Италијанецот разговарал со премиерката Паетонгтарн Шинаватра, а тајландската влада се обврзала да подготви „физибилити студија“ за трка во главниот град Бангкок.

Доменикали и Ф1 посакуваат градска трка низ улиците на тајландската престолнина, која би предизвикала уште поголем интерес за градот и земјата, кои и онака се позната туристичка дестинација.

Првичниот план е првата трка во Тајланд да се одржи најрано во 2028 година.

Во Ф1 календарот во моментов има 24 трки, од кои 4 се во азиско-пацифичкиот регион.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни