Поврзете се со нас

Франција

Доменек се врати во француската елита и ја шокираше јавноста: Сакам да го купам Марадона, но тој веќе…..

Објавено

на

Рејмонд Доменек ќе остане запаметен како еден од најконтроверзните селектори во историјата на францускиот фудбал, бидејќи во своите последните денови како предводник на „триколорите“ на Светското првенство во 2010-та година, успеа да го сврти против себе цел национален состав.

Жестоката расправија која ја имаше со Николас Анелка и фактот што го избрка од кампот беа добра најава за неговиоте последните денови во репрезентацијата, а точно 10 години подоцна, на крајот на 2020-та година конечно дочека нов тренерски ангажман, и тоа одново во родната земја.

Фудбалскиот клуб Нант му ја довери тренерската задача на искусниот фудбалски стручњак, кој сега одново предизвика бура од реакции во француската јавност поради изјавата која ја даде на последниот прес.

Нант не успеа да го доведе Жан Лукас од Лион кој одлучи попрво да го избере Брест, а откако Доменек беше запрашан што мисли за пропаднатиот трансфер, искусниот стручњак даде бизарен и неадекватен одговор.

– Жан Лукас? Не знам што е со него, не ја следам неговата авантура. Знам само дека не е со нас, дека го избра Брест. Така е во фудбалот. Јас сакам да го купам Диего Марадона, но тој е веќе мртов. Таков е животот во фудбалот, – изјави Доменек.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни