Франција
Доменек: Не смееме да заборавиме каде завршува половина од платата на Нејмар!

Рејмонд Доменек после 10 години пауза се врати во францускиот фудбал и го презема тимот на Нант, а во првите неколку седмици како тренер во Лига 1, веќе во неколку наврати го привлече вниманието со своите изјави и констатации на прес-конференциите.
Деменек пред извесно време наиде на огромни критики откако на бизарен начин соопшти дека сака да го ангажира починатиот Диего Армандо Марадона, но сега во последното излагање, интересно застана во одбрана на интересите на професионалните фудбалери во Лига 1.
Поради финансиската криза која ја предизвика коронавирусот, дел од француските клубови не исклучуваат можност одново да ги скратат платите на играчите, а Доменек е против вакво нешто и го посочи Бразилецот Нејмар како најдобар пример.
Ѕвездата на ПСЖ често знае да биде многу критикуван поради своите потези надвор од терените, но Доменек сега претстави едно негово друго лице, откривајќи дека половината од платата која ја добива во Париз оди во хуманитарни цели.
– Може до недоглед да зборуваме за тоа дека има превисоки и енормни плати во светскиот фудбал. Сепак, добар дел од платите на играчите остануваат во државите. Има некои играчи кој најмалку една третина оставаат во државата. Нејмар на пример, половина од својата плата ја распределува со нашите болници, училиштата и секаде каде што треба во Франција. Тоа не смее да се заборави, – потенцира поранешниот француски селектор.

- Италијапред 24 часа
Не е подготвен за италијанскиот фудбал: МекКени не можеше да го тргне погледот од задникот на Дилета Леота (ФОТО)
- НБАпред 22 часа
Дончиќ: Не можете да ме споредувате со Лери Бирд
- Италијапред 21 час
„Бум-бум“ Иле: Несторовски доби вистинска шанса и ја реши Фиорентина (ВИДЕО)
- Шпанијапред 24 часа
Пике ги предупреди ривалите: Се уште сме живи, сезоната комплетно ќе се смени…
- Англијапред 22 часа
Вернер: Се чувствувам виновен за отказот на Лампард
- Англијапред 18 часа
Мурињо со коментар за фудбалското шоу на Бејл кое ја воодушеви Англија: Сега изгледа како играч…. (Видео)
- Шпанијапред 17 часа
Урнебес во Валдебебас: Ѕвезда на Реал мораше да вика влечна служба за својот Ролс Ројс вреден 300 илјади евра (Видео)
- Репрезентацијапред 23 часа
Иднината на македонскиот ракомет: Селективен камп за талентирани ракометарки (ФОТО)