Поврзете се со нас

АТП

Домашниот миленик му се закани на Ѓоковиќ: Ќе го играм најдобриот тенис, со помош на публиката…

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ ја доби пресметката со Григор Димитров и со тоа обезбеди место во осминафиналето на Австралија Опен во кое за ривал ќе го има домашниот миленик Алекс Де Минор.

Де Минор кој е 22 носител на турнирот загуби само еден сет во претходните три меча и со голема самодоверба ќе ја дочека битката со фаворитот кој овој турнир го игра со повреда на задната ложа, но и покрај тоа забележува победи и напредува.

Поради тоа Де Минор нема намера да се фокусира на проблемите на Србинот и има намера да даде се од себе и со помош на публиката да проба да направи големо изненадување.

-Видете, не сакам премногу да се занимавам со таа повреда. На крајот на денот, Ѓоковиќ е еден од најдобрите играчи во светот – и јас имам намера да го играм мојот најдобар тенис и да застанам на теренот со силен став. Ќе се погрижам да му го отежнам натпреварот што е можно повеќе – и да ги применам непосредните искуства и расположение од претходните победи.

-Она што е сигурно е дека нема срамежливо да влезам во овој натпревар, нема да влезам со трема во оваа прилика – затоа што таквите натпревари се она што го посакувам. Ќе бидам мотивиран и соо помош од публиката ќе се забавувам на теренот, -порача 24 тенисер на светот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни