Поврзете се со нас

АТП

Домашен тенисер неочекувано му зема сет на Ѓоковиќ, Србинот веќе го знае ривалот во третата рунда

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Новак Ѓоковиќ потешко од очекувањата обезбеди пласман во третото коло на Вимблдон и тоа откако славеше над домашниот тенисер, Џејкоб Фирнли.

Се работи за анонимен тенисер кој е на 277. место на АТП листата или поточно со вајлд карта влезе на турнирот и остави добар впечаток со оглед на тоа што и му „украде“ еден сет на Ѓоковиќ.

Три часа траеше пресметката меѓу Новак и Џејкоб и истата на крајот заврши со 6:3, 6:4, 5:7, 7:5.

Сега вториот светски рекет може да почне да се подготува за следниот предизвик, Алексеј Попирин кој денеска во пет сета славеше над Томас Мартин Ечевери од Аргентина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни