Поврзете се со нас

АТП

Долгото чекање заврши со неочекуван епилог: Сензационалниот Чех го надигра Ѓоковиќ во финалето во Мајами

Објавено

на

Foto:x.com/MiamiOpen

Големото финале во Мајами беше во неколку наврати одложено поради временските неприлики во САД, но кога конечно се создадоа услови за игра, на теренот видовме големо изненадување.

Новак Ѓоковиќ влезе како апсолутен фаворит во обидот да стигне до јубилејна 100-та титула во својата блескава кариера, меѓутоа реалноста покажа дека Србинот ќе мора да почека барем уште некое време пред да го подигне толку очекуваниот трофеј кој го чека од Олимписките игри во Париз.

Со прикажаната игра на Мастерсот во Мајами, самиот Ѓоковиќ најави поход кој јубилејниот трофеј, но во финалето едноставно немаше решение за супер расположениот, но и талентиран Чех.

Јакуб Меншик приреди разочарување за Ноле и неговите фанови со бруталната сервис игра која ја прикажа во текот на целиот меч, па во финалето му успеа она што обично е невозможна мисија за најголем дел од тенисерите.

Младиот Меншик го доби Ѓоковиќ во два одиграни тајбрејка, со што покажа и завидна психолошка стабилност против тенисерот кој за многумина е најдобар на сите времиња.

19-годишниот Чех беше подобар со идентични 7:4 во двата тајбрејка, со што дојде до најголемата победа, но и најголемата титула во кариерата.

 

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни