Поврзете се со нас

Шпанија

Долгогодишниот помошник на Гвардиола: Меси ќе дели лекции на друга позиција кога ќе биде побавен

Објавено

на

Пеп Гвардиола во повеќе наврати има нагласено дека никогаш повеќе нема да се види играч како Лионел Меси, а истото мислење го дели и неговиот долгогодишен помошник кој му беше десна рака уште во Барселона Б, а потоа и во Барса, Баерн Минхен и Манчестер Сити.

Доменек Торент одлучи пријателски да се раздели со Пеп во 2018-та година и се врати во водите како прв тренер на еден тим откако го презема Њујорк Сити, а како човек кој одблиску ги следеше магиите на Лео Меси, потенцира дека актуелниот капитен на Барселона е неповторлив.

– За мене, Меси е неповторлив. Мислам дека повеќе нема да видиме нешто слично во животот. 15 години игра на високо ниво. Денот кога не е во најдобра форма, тој пак е најдобар. Еден лош меч на Лео се две асистенции и две акции кои завршуваат со гол. Имам видено неверојатни играчи, но никој не се одржал на елитата 15 години во исто темпо.

Доменек кој во овој момент е без работа не застана тука со пофалбите, па дури и вели дека Лео за неколку години ќе може да игра на нова позиција.

– Тој е неверојатно интелигентен играч. Многупати се враќа назад за да ја прими топката. За неколку години, може да игра на друга позиција. Може да игра како Чави и да дели топки како играч за врска. Тој не губи топка, дели асистенции и може добро да се чува за да ја продолжи својата кариера, ќе дели лекции и на таа позиција. Кога ќе загуби дел од брзинта, комотно може да се врати неколку метри назад и да игра како организатор, – порачува Торент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни