Документарецот откри како синот на Рамос го изговара Модриќ, реакцијата на сопругата на капитенот е непроценлива (Видео)

ramos-treva

Серхио Рамос во соработка со „Амазон“ веќе со месеци наназад работеше на фамозниот документарец кој го снимаше и за време на болниот потоп кој го доживеа Реал Мадрид во дуелот со Ајакс, а денеска пристигна промотивниот материјал за филмот во кој капитенот на „кралскиот клуб“ ќе открие многу нешта за својата кариера.

Централниот дефанзивец одлучи да го направи видео материјалот со цел да открие детали од приваниот живот со кои ќе се доближи до своите искрени фанови, но во промотивното видео, убедливо најурнебесен е моментот кога неговата сопруга го прашува малиот син кој е негов омилен играч од Реал.

Пилар Рубио го праша постариот син кој е негов омилен играч во тимот на татко му, а наследникот на Серхио се одлучи за Лука Модриќ, со тоа што изговорот му одеше доста потешко.

– Лука Мондиќ…..

Facebook Коментари