Поврзете се со нас

Англија

Документарецот на „Амазон прајм“ го откри говорот на Артета: Сити сакаше да ве понижи…. (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Арсенал му даде специјална дозвола на „Амазон прајм“ да биде составен дел од секој натпревар на првиот тим изминатата натпреварувачка сезона, но и да ги „уловува“ специјалните моменти од тренинзите и соблекувалната на „топчиите“.

Причина за тоа е изработката на документарецот кој ексклузивно се емитува во изминатиот период, а чија содржина екпресно предизвика големо внимание кај фановите на клубот од Северен Лондон.

Навивачите веќе дознаа како Артета со луда идеја го подготвувал тимот за гостувањето на „Енфилд Роуд“, но сега во фокусот е говорот кој го имал од својот дом.

За време на Ковид изолацијата изминатава зима, Артета подготвил мотивациски говор за своите играчи кои биле во соблекувалната, а кои се подготвувале за дерби меч со Манчестер Сити на домашен терен.

– Сакам да видам тим кој се соочува со нив. Потсетете се последниот пат кога игравме со нив. Губевме 3:0 и имавме играч помалку, а тие ги ставија Марез и Стерлинг на теренот за да ве понижат, – порачува Артета.

Споменатиот натпревар Арсенал го загуби 5:0, а оној што следеше по овој говор на менаџерот, Арсенал го загуби на драматичен начин со гол примен во судиското продолжение (1:2).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни