Поврзете се со нас

Англија

Доку шоу во голеадата на Сити, прва радост за Шефилд Јунајтед (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/CBSSportsGolazo

Фудбалерите на Манчестер Сити ја забележаа најубедливата победа во средбите кои од 16 часот се одиграа во Премиер лигата.

Бранителот на титулата си поигра со Борнмут и славеше со 6-1, резултат со кој го презема првото место на табелата. Во главна улога беше летното засилување Доку кој се запиша во листата на стрелци, а воедно додели и четири асистенции при головите на Силва
(2), Аканџи и Фоден.

На крајот погоди и Аке, додека автор на единствениот гол за гостите беше Синестера во 74 минута.

Шефилд Јунајтед конечно дојде до прво славје во англиската елита и тоа во 11. коло. Арчер и Норвуд донесоа славје на „Брамал Лејн“ во соочувањето со Вулверхемптон (2-1).

Брентфорд пак го доби Вест Хем со 3-2, Палас беше подобар од Барнли со 2-0, а Евертон ии Брајтон ги поделија бодовите играјчи 1-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни