Англија
Доку излезе со прва изјава за стартот кој ги разбесни фановите на Ливерпул: Сфаќам зошто бараа пенал, но…..

Жереми Доку ја игра својата прва сезона во Премиер лигата и се уште се адаптира на условите по кои е препознатлива англиската елита, но и Белгиецот многу брзо дозна дека судиите имаат различни критериуми за одредени акции.
Доку се најде во центарот на вниманието на последното дерби на „Енфилд“ кое го одиграа Ливерпул и Манчестер Сити, бидејќи длабоко во судиското продолжение имаше еден невнимателен старт, за кој вистинско чудо е како мина без најстрога казна.
Судијата Оливер процени дека нема доволно елементи за пенал и покрај тоа што крампоните на Доку завршија во градите на МакАлистер, па иака имаше кратка ВАР проверка, на крајот не се досуди пенал и на сила остана првата одлука.
Јирген Клоп не го криеше незадоволството по ремито со Сити и нагласи дека таа ситуација ја толкуваат како пенал сите луѓе кои барем еднаш играле фудбал во животот, но иако од тогаш поминаа повеќе од две недели, Доку и со ладна глава смета дека судијата ја донел вистинската одлука.
Белгиецот првпат се огласи за овој инцидент од својата земја, а на тамошните новинари им порачал дека имал и малку среќа во дадената ситуација.
– Тоа беше ризичен старт од моја страна и јасно е дека можев да се справам поинаку. И покрај се, јас и натаму верувам дека тоа не беше пенал. Свесен сум дека други судии можеа да го толкуваат поинаку, но не беше досуден пенал и имав среќа.
– Знам дека прегледуваа во ВАР, но за мене тоа не беше пенал. Истовремено, сфаќам зошто некои луѓе се бесни и сфаќам зошто фановите на Ливерпул сметаат дека беше пенал, – вели Доку.
-
НБА23 часа
Тренерот на Лејкерс најави кога очекува деби на Дончиќ во новиот тим
-
НБА16 часа
„Кралот“ во елемент: Леброн даде три тројки за 48 секунди и ја запали публиката во Лос Анџелес (ВИДЕО)
-
Франција12 часа
Магичен дебитански гол на Кварацхелија, ПСЖ со лекција за Монако (ВИДЕО)
-
Балкан22 часа
Далиќ одбил понуда со која ќе станел најплатен селектор во светот
-
Англија12 часа
Мегваер погоди во „последен час“, Јунајтед со пресврт до осминафиналето во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Формула 122 часа
Откриени платите на Ф1 возачите: Две ѕвезди се далеку пред останатите ривали
-
НБА19 часа
Баркли, О’Нил и Смит ги избраа Ол-стар тимовите: Јокиќ, Јанис и Шеј во ист тим
-
Франција13 часа
„Светците“ со потег за кој ќе се зборува: Седум нови потписи во ПСЖ за еден еден (ВИДЕО)