Докторски одговор: Роси откри што би направил ако биде Господ еден цел ден

vale-rosi

Валентино Роси сезонава не се бори за титулата во Мото ГП, но останува со уникатна позиција поради својата популарност меѓу фановите и титулите кои ги освои во досегашната кариера.

Во последното интервју, „Докторот“ одговара на невообичаени прашања, а едно од нив било и што би направил ако добие шанса да биде Господ еден цел ден.

– Би се обидел да ја „поправам“ планетата. Би ги поправил сите штети кои сме ги направиле досега, за да има гаранција дека ќе има живот на Земјата уште илјадници години, – вели Роси.

Италијанецот е свесен дека ќе предизвика шок меѓу фановите кога ќе реши да се пензионира.

– Секогаш е убаво да се види жолтата боја на трибините, тоа е богатство кое ќе го носам со себе до крајот на животот. Дел од тие фанови веројатно ќе навиваат за друг мотоциклист кога ќе се пензионирам, а дел веќе нема ни да ги гледаат трките. Имаме многу млади момци во Италија кои можат да бидат следниот Роси, да можам би им ги префрлил сите фанови на нив, – потенцира големата ѕвезда на Мото ГП.

Facebook Коментари