Поврзете се со нас

АТП

Докторот на Надал: Рафа не е среќен, но мора да ја прифати ситуацијата

Објавено

на

Рафаел Надал веќе подолго време е надвор од терените и прашање е дали ќе го видиме на истите во оваа календарска година.

Шпанецот нема ниту еден настап од Австралија Опен, мораше да откаже многу турнири меѓу кои и Ролан Гарос, а по таа одлука направи и операција на колкот по што ќе биде во аут пет месеци.

Сега следи период на рехиабилитација, закрепкување, а за целата оваа ситуација говореше лекарот на 22-кратниот грен слем шампион, Анхел Руиз-Которо.

-Тешко е да се каже дека по пет месеци ќе може да игра сто проценти. Се е во тие пет месеци, можеби би можеле да продолжиме се за уште еден месец за да ја подобриме општата состојба. Околу Дејвис купот ќе се знае повеќе на крајот на ноември.

-Рафа не е среќен. Време е тој да ја прифати ситуацијата, но тоа го става во нова позиција. Полека го започна процесот на опоравување. Нормално е кога знаете што е во средина, а потоа следи период на прилагодување и продолжување на се. Знаевме дека има основен проблем, бидејќи тој мускул не е ист како тетива. Секогаш кога се напрегаше, по поголеми напори, не беше доволно силен, -рече Руиз Которо и посочи зошто е направена операцијата.

-Стандардните методи на лекување не го дадоа посакуваниот резултат. Се запознавме, се консултиравме и решивме да оперираме со помош на д-р Марк Филипон, кој е специјалист за хирургија на колк и мој голем пријател. Ако го почитуваме времето, мислам дека ќе се опорави. Брзањето во овој случај не е добар пријател. Зборуваме за пет месеци бидејќи тоа е оптималниот период, но немаме цврст распоред. Сезоната тогаш ќе заврши. Целите се важни за да го задржите играчот мотивиран. Не сакам да зборувам за прогнози за успех, но мислам дека имаме големи шанси. Остатокот од тетивата е здрава и заздравува. Потребно е време за регенерација, -подвлече Руиз Которо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни