Поврзете се со нас

АТП

Докторот кој го оперираше Ѓоковиќ: Тоа што го направи е извонредно

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Новак Ѓоковиќ мораше предвреме да го заврши својот настап на Ролан Гарос и беше принуден да се повлече, без оглед на тоа што на теренот избори пласман во полуфиналето.

Ноле се повреди на четвртфиналниот меч со Серундоло и испадна дека го скинал менискусот на десното колено, па за да се намали штетата и значително да се забрза процесот на рехабилитацијата, Србинот експресно направи операција во Париз.

Антоан Жероме е специјалистот за колена кој беше задолжен за операцијата на големиот тениски рекордер, а сега во интервју за „Лекип“ самиот открива каква порака му испратил на Србинот.

– Во тие 45 минути кои ги минав со Новак, неговиот тим и докторот на тенискиот сојуз на Франција, бев максимално отворен и им порачав дека се ќе зависи од реакцијата на неговото колено. Сега ќе следи процес во кој ќе има постепено оптеретување на коленото, треба да се види дали ќе отекува и дали ќе нема болки.

– Напредокот ќе оди од ден во ден, тоа оди постепено, но невозмоожно е да предвиди како ќе му биде за една недела, за две или повеќе. Искрено, ќе биде навистина тешко остварливо да биде на 100 проценти за три недели, – вели Жероме, практично прецртувајќи го Србинот за настап на Вимблдон.

– Новак е навистина силен, тоа што го направил со таква повреда е извонредно. Тој доиграл меч во кој 99 проценти од луѓето најверојатно би завршиле со „заклучено“ колено и во ургентен центар. Менискусот прави механичка блокада и единствена опција за санирање е само операција, – дополнува Жероме.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни