Поврзете се со нас

Формула 1

Докторката Милена Тасиќ е ангажирана во рехабилитацијата на Шумахер

Објавено

на

blank

Михаел Шумахер закрепнува во домашни услови од трагедијата што ја преживеа пред седум години, кога поради пад на скијачки терен имаше живото-загрозувачка повреда на главата.

Од тогаш наваму, тој мина низ голема борба при што најпрво беше во вештачка кома, а потоа закрепнуваше во разни медицински установи, пред да биде префрлен на домашна нега.

Сите што го посетуваат, молчат пред медиумите за неговата состојба, вклучувајќи го и Жан Тод, денешен претседател на ФИА. Во текот на летото во 2020 година италијанските медиуми објавија дека францускиот хирург Д-р Филип Менаш ќе се вклучи во рехабилитацијата, а на почетокот од 2021 година државната телевизија на Србија објави интервју со Милена Тасиќ, докторка која работи со францускиот хирург на третмани со матични клетки. Нејзините зборови беа пренесени од релевантни медиуми во балканскиот регион.

– Терапијата е безбедна и тоа е најважното нешто, а има и ефекти од третманите. Не можам да откријам ништо дефинитивно, но мислам дека сме на вистинскиот пат,- рекла 25-годишната докторка, која потекнува од Врање.

Од нејзината биографија се издвојува дека студирала во Стразбур, а потоа се здобила со „мастер“ во областа на регенеративната медицина во Монпелје. По завршувањето на образованието, почнала да работи на Универзитетот Сорбона во Париз.

Медиумите шпекулираат дека Шумахер страда од мускулна атрофија и дека третманите со матични клетки треба да помогнат во обновувањето на нервниот систем. Неизвесно е дали тој е во состојба да се движи.

Синот на Михаел, Мик Шумахер, оваа сезона ќе дебитира во Формула 1 како возач на Хаас Ферари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни