Свет
„Доктор“ за тривела: Кварезма заигра мал фудбал и режираше специјалитет за најавните шпици (Видео)

Рикардо Кварезма беше првиот фудбалер кој можеби најдобро ја изведуваше специфичната фудбалска техника наречена „тривела“, потег кој во поново време доста често е користен и доведен до совршенство и од Лука Модриќ.
Некогашната ѕвезда на Порто и поранешен португалски репрезентативец стави крај на играчката кариера пред три години, но на последното појавување кое го имал на ревијален натпревар во Бразил, Кварезма покажал дека се уште поседува магија во нозете.
Рикардо на 41-годишна возраст бил дел од специјален натпревар кој се играл во специфични услови, но за време на пресметката, не пропуштил шанса да одново да го презентира својот специјалитет.
Кварезма режирал хируршки прецизна „тривела“ во аголот од голот на противничкиот тим, оставајќи го немоќен голманот кој му честитал на Португалецот за магијата која ја понуди.
Видеото од Бразил брзо беше пренесено на социјалните мрежи, а истото експресно почна да биде споделувани од милиони фанови на социјалните мрежи.
🇵🇹💫 Ricardo Quaresma at the age of 41 scoring with his iconic trivela. 😍 pic.twitter.com/wiXLsiycHC
— EuroFoot (@eurofootcom) March 23, 2025
-
Шпанија18 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
НБА14 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА17 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони15 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Англија12 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Македонија13 часа
Ќе биде жешко во Битола: Пелистер ги распродаде билетите за дербито со Вардар
-
Англија13 часа
Баптиста за договореното засилување на Челси: Тој е најдобриот играч…(ВИДЕО)
-
Италија15 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)