Поврзете се со нас

НБА

Доктор Дончиќ и Далас го прегазија Феникс во мајсторката, Бостон му пресуди на шампионот (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Далас Маверикс ќе биде ривал на Голден Стејт Вориорс во финалето на западната конференција во НБА лигата.

Ова е епилогот од мајсторката меѓу Феникс и Далас во Аризона на која за фаворити важеа домаќините, но избраниците на Кид му одржаа вистинска лекција на најдобриот тим во регуларниот дел и со тоа го одведоа клубот во прво конференциско финале по 2011 година.

Маверикс одигра страшно прво полувреме во кое создаде предност од 30 разлика (57-27), предност која ја потврди и зголеми во третиот период по што домаќините во завршниот дел избришаа дел однегативата за конечни на крајот 123-90.

Дончиќ беше вистински лидер и запиша дабл-дабл од 35 поени и 10 скокови, Динвиди додаде 30 кошеви, додека Брансон беше автор на 24 поени. Кај поразените Џонсон беше прв стрелец со 12 кошеви.

НБА ќе добие нов шампион затоа што актуелниот беше елиминиран од Бостон Селтикс во полуфиналето на Истокот. Милвоки Бакс немаше сили и загуби во „Ти-Ди Гарден“ со 109-81. Домаќините дадоа рекордни 22 тројки кога е во прашање седми натпревар, Вилијамс со 7 беше во прв план, а одличен беше и резервистот Причард со 4 тројки.

Вилијамс заедно со Тејтум заедно дадоа 50 поени, кај Бакс стандардно Адетокумбо беше во прв план со 25 поени, 20 скокови и 9 асистенции.

Бостон во битката за пехарот на Истокот ќе се соочи со Мајами Хит.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни