Поврзете се со нас

НБА

Докажано име: Лејкерс враќа уште еден поранешен играч во своите редови

Објавено

на

Лос Анџелес Лејкерс со големи амбиции ќе влезе во новата сезона во НБА лигата, добро познати имиња пристигнаа во „Стејпс Центарот“, а на чекор од тоа е и ветеранот Ражон Рондо.

Последните информации од американските медиуми се дека откако плејмејкерот ќе се раздели со Мемфис Гризлис ќе потпише за „езерџиите“. Ова за Рондо ќе биде враќање во Лејкерс, тимот од кој беше дел од 2018 до 2020 и во кој дојде до втората титула во кариерата.

Тој ќе игра за ветерански минумум и ќе пополни едно од последните места во ростерот на Лејкерс. Заедно со Расел Вестбрук и Леброн Џејмс се очекува да бидат главните креатори, играчи кои ќе помогнат топката побрзо да се движи и нападот да биде ефективен и ефикасен.

Инаку Ражон е петто име кое летово одново се врати во Лејкерс, претходно тоа го направија Двајт Хауард, Кент Бејзмор, Вејн Елингтон и Тревор Ариза.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни