Доказ за тензијата и нарушените односи: Мурињо ја „избриша“ насмевката од лицето на Погба (Видео)

jose-pogba

Манчестер Јунајтед доживеа неочекувана елиминација од англискиот Лига Куп, но за истата никој не зборува затоа што во прв план се Жозе Мурињо и Пол Погба.

Португалскиот стратег и францускиот репрезентативец дефинитивно не се во добри односи, а тоа се гледа по нивните изјави и потези како оној за одземање на капитенската лента на Погба.

Уште еден доказ дека ситуацијата е далеку од посакувана ни пристигна денеска и тоа од тренингот на „црвените ѓаволи“ на кој насмеан и расположен пристигна Пол, но откако Мурињо нешто му кажа веднаш се промени изразот на неговото лице.

Погледнете го следново видео и се ќе ви стане јасно:

Facebook Коментари