Доказ за добрите партии: Македонија го има најголемиот напредок на ФИФА листата за 2017 година

pandev

Светската куќа на фудбалот (ФИФА) денеска го објави последното рангирање за оваа календарска година со што Македонија официјално го доби приматот на репрезентација со најголем напредок во изминатиов период.

„Црвено-жолтите“ со 446 поени останаа на 76 место, но нашиот скок во 2017 година од 86 позиции е најголем на листата или поточно ги оставивме зад нас Андора (65 места) и Либан (62 места).

Нашиот национален тим е на четвртото место кога се земе во предвид најголем напредок на рејтинг – поените и тоа зад Данска, Шведска и Боливија.

На самиот врв е Германија пред Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Шпанија, Полска, Швајцарија, Франција и Чиле кој го заокружува првото Топ 10 друштво.

Facebook Коментари