Поврзете се со нас

Одбојка

Дојдоа до посакуваниот резултат: Одбојкарите ја суредија БиХ во Тузла!

Објавено

на

Македонската одбојкарска репрезентација оствари чиста и убедлива победа над Босна и Херцеговина од 3-0 на денешната средба од шестото коло во Европската сребрена лига.

Нашите репрезентативци посакуваа ваков триумф со кој останаа во игра за полуфиналето на ова натпреварување, но за да се случи тоа ќе мораме да почекаме услуга од Романија која утре ја дочекува Албанија.

Ако Романците го потврдат статусот на фаворити, слават и притоа не дозволат противникот да им земе два сета, тогаш ние ќе го освоиме второто место во групата и ќе играме на завршницата во Будимпешта

Што се однесува до денешниот меч популарните „спартанци“славеа со 25-21, 25-21 и 25-20 во средба во која капитенот Никола Ѓоргиев имаше 22 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни