Поврзете се со нас

НБА

Дојде време за наплата: Дончиќ експлодираше и го уништи „својот“ Далас (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Lakers

Лука Дончиќ беше трејдуван без негово знаење и остана шокиран од третманот кој го доби од Далас, но сега како голема ѕвезда на ЛА Лејкерс, Словенецот дочека да го наплати долгот на спортски план и да се покаже онаму кадешто е најдобар.

Натпреварот меѓу Лејкерс и Далас беше означен со црвено уште при реализирањето на сензационалниот трејд, а рано утрово во Калифорнија гледавме величествено издание на доскорешната ѕвезда на Маверикс.

Дончиќ презема иницијатива уште од раната фаза на мечот и почна да го прикажува сиот свој арсенал на оружја, па уште на полувреме му недостасуваа само три асистенции за трипл-дабл.

Лука беше доволно инспириран за слатка одмазда и помагаше на сите страни на теренот, па на крајот во победата од 107:99 допринесе со 19 поени, 15 скокови и 12 асистенции.

Голема поддршка имаше од Леброн Џејмс кој беше најефикасен кај „езерџиите“ со 27 поени, додека извонредно расположен во поразениот тим беше Кајри Ирвинг со 37 поени.

НБА резултати:
Торонто – Бостон 101:111
Орландо – Кливленд 82:122
Мемфис – Феникс 151:148 (по продолжение)
Њу Орлеанс – Сан Антонио 109:103
Хјустон – Милвоки 100:97
Голден Стејт – Шарлот 128:92
ЛА Лејкерс – Далас 107:99

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни