Поврзете се со нас

Германија

Дојде во Баерн како замена за Нојер, а сега по само една сезона ќе си оди од клубот поради искусниот голман

Објавено

на

Александер Нубел пристигна во Баерн Минхен во минатиот летен преоден рок како замена за искусниот голман, Мануел Нојер кој полека влегува во финишот на својата кариера.

24 годишниот голман според првичните најави требаше да ја дели минутажата со Нојер пред и официјално да стане прв избор меѓу стативите на „баварците“. Сепак, по одличните изданија на големиот Нојер, Нубел ретко добиваше или воопшто и да не доби посериозна прилика, па токму затоа сега размислува за заминување од клубот.

Во моментов интерес за Нубел има од два француски гиганти кои сакаат да го видат некогашниот голман на Шалке 04 во своите редови.

Имено, Монако засега покажал најсериозен интерес за ангажманот на младиот голман, а за Нубел се распрашувал и шампионот на Франција, Лил кој од неодамна остана без својот прв голман Маињан кој направи трансфер во Милан.

Интересно е тоа што и двата клуба не се подготвени да платат пари за голманот туку ќе се обидат да го ангажираат на двегодишна позајмица.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни