Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Дојде и тој ден: Винисиус му држеше лекции на соиграч кој ризикуваше картон за суспензија против Сити (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Винисиус Жуниор обично е фудбалерот на Реал Мадрид кој најчесто избувнува и кој редовно мора да биде смируван од своите соиграчи, но по крајот на натпреварот со Манчестер Сити, шпанските медиуми уловија еден интересен момент кој брзо беше пренесен во јавноста.

Бразилската суперѕвезда имала забелешки за еден свој соиграч по победата над Сити од 3:1, а во случајот станува збор за Едуардо Камавинга.

Францускиот играч за врска со некои непотребни и остри стартови во завршницата ризикуваше да добие картон кој ќе го остави без осминафинале, по што Вини решил да му држи лекции по последниот судиски свиреж.

Две видеа од различен агол откриваат дека Бразилецот не останал импресиониран од акциите на Камавинга, па дури му порачал на Едуардо дали размислувал добро со главата.

Од видеата се гледа дека Камавинга имаше што да му врати на напаѓачот, а најважно за него беше тоа што не доби картон и што ќе му стои на располагање на Карло Анчелоти за осминафиналето.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни