Поврзете се со нас

Свет

Дојде и тој ден: Страшната серија на ПСВ прекината на гостувањето во Утрехт (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSV

ПСВ Ајндховен е тим кој игра можеби и најубав фудбал во Европа од стартот на сезоната, а тоа го водеше составот на Петер Бош до историска низа во холандскиот фудбал.

За првпат во историјата еден тим победи на првите 17 меча во сезоната, но 18-от донесе прво реми и се стави крај на неверојатната низа на резултати.

Утрехт е тимот кој ја прекина страшната доминација на ПСВ кога се победите во прашање, бидејќи ова попладне успеа да изнуди реми и да освои бод.

Натпреварот заврши со резултат 1:1, а главен причинител за ремито беше Бусаид кој израмни на стартот на второто полувреме.

Инаку, ПСВ поведе на овој меч со голот на Бакајоко, но тоа не беше доволно за да се стигне и до 18-та победа во 18-то коло во Ередивизијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни