Поврзете се со нас

Италија

Дојде и тој ден: Роналдо постигна гол, соиграч го имитираше на теренот за време на прославата (Видео)

Објавено

на

Кристијано Роналдо го постигна 19-от гол на 20-от одигран натпревар во Серија А оваа сезона, но тоа одново не се покажа како доволно за победа на неинвентивниот Јувентус кој почна да не добива пресметки на кои прв стигнува до предност.

Гостувањето кај Верона секако не е едноставно веќе втора сезона по ред, но составот на Јуриќ се покажува како посебно незгоден за италијанскиот првак кој веќе трет натпревар во низа не знае за победа.

Ова беше второ реми за Верона против Јуве оваа натпреварувачка сезона, а до истото дојде благодарение на голот на Барак на 13 минути пред крајот, што значеше израмнување по водството за гостите.

Кристијано постигна погодок во свој препознатлив стил со сигурна завршница, но интересно од оваа ситуација беше тоа што го дочека и денот кога негов соиграч го имитираше за време на прославата.

Федерико Киеза беше импресиониран од фактот што го проигра Португалецот за 0:1, па експресно почна да го имитира, а потоа и оттрча до него за да го извикне популарното „Сиииии“…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни