Поврзете се со нас

Шпанија

Договореното засилување на Барселона издвои три асови со кои со нетрпение очекува да соработува: Ќе биде посебно да се игра со нив

Објавено

на

foto:twitter.com/FabrizioRomano

Актуелниот шпански шампион Барселона веќе има договорено едно засилување за 2024 година, засилување кое ќе пристигне од Бразил.

Се работи за талентираниот напаѓач Витор Роке кој со блескавите издание за Атлетико Паранаенсе се избори за преселба на „Камп Ноу“ со тоа што се уште постои дилема дали ќе му се приклучи на новиот клуб во јануари или пак по крајот на актуелнава кампања.

Тинејџерот е возбуден и очекува да се впушти во новиот предизвик, клубот за кој сонувал уште како дете.

-Тоа отсекогаш беше мој сон уште како мал, а исто така и на моето семејство. Од мал секогаш сум ги гледал натпреварите на Барселона. Ги имаа Роналдо, Ромарио, Нејмар, исто така Бразилци, а сега тука е Рафиња. Секогаш ми беше сон да одам во Барселона, -истакна Роке кој издвои тројца играчи со кои со нетрпение очекува да соработува.

-Левандовски, Рафиња и сега Јамал. Ќе биде многу посебно да се игра со сите нив, -порачал голгетерот за „Мундо Депортиво“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни