Додека трага по куќа во Лондон, Обамејанг направи збрка во хотелот со својот страшен возен парк (Фото)

obamejang-23893289

Пјер Емерик Обамејанг е во потрага по куќа во Лондон откако направи милионски трансфер во Арснеал изминатиов јануари, а со оглед на последните негови објави на Инстаграм, може да се заклучи дека ќе бара дом со поголе капацитет на гаражен простор.

Причина за тоа е големата страст кон брзите и луксузни автомобили која ја има феноменалниот напаѓач, а како што пренесуваат англиските таблоиди, истата направила и збрка во хотелот во кој престојува бидејќи одговорните луѓе морале да направат отстапка за да ги задоволат неговите потреби.

Обамејанг побарал да направи приватен паркинг од добар дел од паркингот предвиден за хотелот, а причина за тоа се четирите страшни автомобили кои ги понел со себе само за привремениот престој. Ламборгини Авентадор, Ферари 812, Рејнџ Ровер Спорт и Порше Панамера Турбо се четирите автомобили со кои Обамејанг си обезбедил приватен паркинг во хотелот, а медиумите објавуваат дека вкупната вредност на овие четири моќни ѕверови е 850 илјади фунти.

oba-koli

Facebook Коментари