Поврзете се со нас

Италија

Додека сите гледаат мундијал, првото зимско засилување за Мурињо слета во Рим (Видео)

Објавено

на

Жозе Мурињо како тренер на Рома во неколку наврати мораше да ги одмери силите со Бодо Глимт, но од тие четири пресметки со Норвежаните минатата сезона, јасно е дека Португалецот посебно анализирал и еден играч.

Доказ за тоа е денешната потврда која пристигна од Рим по низата шпекулации за првото зимско засилување на Рома, кое во наредните неколку часа ќе биде и официјално потврдено од страна на клубот.

Додека сите ги гледаат возбудувањата на мундијалот во Катар, Жозе може да се радува на засилувањето кое го добива во својот тим, а кој го добива по рецепт кој веќе се покажа како одличен за него изминатиот летен преоден рок.

Мурињо добива уште еден слободен агент, а тоа е Ола Солбакен кој доаѓа од редовите на Бодо Глимт откако му заврши договорот со познатиот норвешки клуб.

Солбакен вечерва беше уловен на аеродромот во Рим и следен чекор се официјалните лекарски прегледи, по што ќе стави потпис на долгорочен договор до 2027-ма година.

Норвежанецот има 24 години и игра на повеќе позиции во нападот, што е јасна потврда дека Жозе не е задоволен од своите офанзивци во првиот дел од сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни