Додека Македонија слави, Раул размислува за Црна Гора

raul i kiro posle promashajot so dvajca povekje

Селекторот на Македонија, Раул Гонзалес, го имаше своето „огнено крштевање“ на европските првенства, кое на наше големо задоволство заврши со победа над фаворизираната Словенија со 25:24.

Шпанецот беше во својот вообичаен „тивок работен режим“, но покажа дека и така е можно да се слави над харизматичниот Вујовиќ кој со својата темпераментна природа е чиста спротивност.

– Ја победивме Словенија и сега имаме два бода. Задоволен сум од сите мои ракометари, ја победивме третата репрезентација на светот. Во првите 15 минути игравме лошо, промашивме многу шанси во нападот, како и ситуации каде што беше „еден на еден“ со голманот, но во продолжението заигравме многу подобро,- рече Гонзалес. – Во второто полувреме стигнавме и до убедлива предност. На моменти ни беше многу тешко, но покажавме квалитет кога тоа беше најважно. Нападот беше многу добар, одбраната исто така, морам да бидам задоволен, но и што поскоро да ги насочам своите мисли и мислите на моите ракометари на дуелот со Црна Гора,- гласеше изјавата на „Ел команданте“.

Одговарајќи на новинарско прашање за советите кои ги давал пред крајот на првото полувреме, Гонзалес рече дека не памети што им зборувал на играчите.

– Од кога бев играч знам дека никој не слуша што збори тренерот во такви моменти,- шегаџиски заврши Шпанецот.

Нашите ракометари го играат дуелот со Црна Гора на 15 јануари (понеделник) во 20.30 часот во загребската „Арена“.

Facebook Коментари