Додавањето на Погба во 90. минута најдобро ја отсликува мизеријата на Јунајтед (Видео)

pogba-fela

Манчестер Јунајтед едноставно не одигра ништо на својот најважен меч оваа сезона и сосема заслужено на крајот доживеа елиминација од Севилја во осминафиналето во Лигата на шампионите, натпревар кој многу веројатно ќе предизвика бурни реакции од англиската спортска јавност, особено за изданието и пристапот кој го имаа избраниците на Жозе Мурињо.

Португалскиот стручњак сигурно ќе добие многу критики за начинот на кој го подготви својот тим во поразот од 1:2, а на социјалните мрежи веќе почна на големо да се споделува најдобрата илустрација за тоа како играше Јунајтед вечерва на „Олд Трафорд“.

Пол Погба не беше стартер и го замени Фелаини во второто полувреме, а неговото катастрофално додавање во 90-та минута е најдобра отслика за тоа колку беше мизерна играта на англискиот великан против Севилја….

Facebook Коментари