Поврзете се со нас

Шпанија

Добро познато име: Лапорта е избран за нов претседател на Барселона!

Објавено

на

Шпанскиот великан Барселона вечерва доби нов претседател, а тоа е 58-годишниот Жоан Лапорта.

Лапорта успеа да ја добие довербата на навивачите, приврзаниците на каталонците и со тоа да се врати на претседателската функција која со голем успех ја извршуваше од 2003 до 2010 година. Лапорта убедливо ја доби трката пред Виктор Фонт и Тони Фреиха кои веќе му посакаа среќа на Жоан и воедно му се ставија на располагање за доброто на клубот.

Пред Лапора дефинитивно се сериозни предизвици, да ја врати Барселона на победнички патеки и секако да го врати имиџот, сјајот на истиот со оглед на тоа што неговиот претходник Хосеп Марија Бартомеу направи доста проблеми и раздор со потезите во неговиот мандат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни