Добро издание на младото крило: Костески со едно промашување против Мешков Брест

kosteski-zagreb

Младото македонско крило, Ненад Костески се прикажа во одлично издание на вечерашниот меч со Мешков Брест во СЕХА лигата.

Костески добри шанса од тренерот Веселин Вујовиќ и истата добро ја искористи и даде три погодоци од четири обиди, меѓутоа за жал неговиот ППД Загреб не успеа да оствари позитивен резултат на оваа средба и загуби со 33-29.

Составот од Брест беше подобар во двете полувремиња и заслужено дојде до 4 победа во 7 меч во оваа натпреваруавње со што во моментов е на второто место во групата Б зад Веспрем.

Facebook Коментари