Добри вести за Звезда: Антиќ е подготвен за пресметката со ЦСКА Москва

pero so trenerot

Македонскиот центар, Перо Антиќ кој се најде на списокот на селекторот Јорданчо Давитков за претквалификациите за Европското првенство ја санираше повредата на листот и ќе може да им се врати на клупските обврски во Црвена Звезда.

Имено Антиќ ги скокна дуелите со МЗТ Скопје, Брозе Бамберг по што се појави на големото дерби против Партизан за да одново следи пауза и ги пропушти пресметките со Уникаха Малага и ФМП.

Сега тренерот на „црвено-белите“ Душан Алимпијевиќ посочи оти повредата е минато, односно дека Перо ќе настапи на престојниот меч против ЦСКА Москва во Евролигата, меч кој се игра в среда од 19 часот во Белград.

Facebook Коментари