Поврзете се со нас

Европски првенства

Добри вести за Шпанците: Луис Енрике доби големо засилување пред вториот меч на ЕП

Објавено

на

Шпанската селекција разочара на премиерниот меч на актуелното Европско првенство и одигра само 0:0 со Шведска, но сега пред вториот натпревар во Севилја, Луис Енрике доби големо засилување.

Шпанскиот селектор ќе може да смета на својот лидер и капитен на тимот, откако ѕвездата на Барселона и официјално ги надмина проблемите со коронавирусот, поради кои подоцна беше вакцинирана цела експедиција на „фуријата“.

Бускетс доби прв позитивен тест на коронавирус на 6-ти јуни и го вклучи црвениот аларм во шпанската репрезентација, но 12 дена подоцна, дочека негативен тест на Ковид 19 и денеска им се приклучи на соиграчите.

Со оглед на тоа што стануваше збор за комплетно асимптоматски случај како што беше ситуација и со Енис Барди, Бускетс се става веднаш на располагање и ќе биде во комбинација за игра, а дали ќе биде стартер уште утре останува да видиме.

По освоениот бод на првиот меч со Шведска, Шпанија сега се очекува да ја оправда фаворитската улога против Полска која исто така шокираше и загуби од Словачка на првиот меч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни