Поврзете се со нас

Италија

Добри вести за Милан: Повредата е минато, Ибрахимовиќ е спремен да се врати на тренинзите

Објавено

на

Искусниот шведски ас, Златан Ибрахимовиќ веќе некое време е надвор од фудбалските терени, а причината за тоа беше процесот, закрепнувањето по операцијата што ја имаше на коленото во месец мај.

Според „Гол“ напаѓачот е фит и се очекува да започне со тренинзи што е одлична вест за шампионот Милан. Секако ќе треба уште некое време за да Ибра влезе во посакуваниот ритам, форма, но она што е позитивно е дека ќе може нормално да тренира и со тоа во блиска иднина да му се стави на располагање на тренерот Стефано Пиоли.

Милан по 15 кола е на второто место во Серија А со минус осум поени во однос на лидерот Наполи од кој дел е македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни