Поврзете се со нас

Италија

Добри вести за Милан: Ибрахимовиќ е во комбинација за дуелот со Верона (ФОТО)

Објавено

на

Екипата на Милан оваа вечер ја пречекува Верона во рамките на 8. коло во Серија А, меч за кој тренерот Стефано Пиоли нема да може да смета на неколку важни играчи како голманот Мајк Мeњан, потоа Тео Ернандез и Брахим Дијаз кои имаа позитивни тестови на КОВИД-19, а недостапни ќе бидат и Жуниор Месијас, Алесандро Флоренци и Тиему Бакајоко.

Меѓутоа има и позитивни вести за „росонерите“ и тоа е враќањето на Златан Ибрахимовиќ. Ибрахимовиќ има има одиграно само еден меч во оваа сезона (Лацио) ги надмина проблемите и се најде на списокот за вечерашната пресметка против Верона која се игра од терминот од 20:45 часот.

Тука е и Оливие Жиру, меѓутоа го нема новото засилување голманот Антонио Миранте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни