Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Добри вести за македонските клубови, УЕФА демантираше дека ќе има промена на квалификациите

Објавено

на

Европската фудбалска федерација ги демантираше информациите на британскиот медиум „Тајмс“ кој пренесе дека УЕФА размислува да ги скрати квалификациите за ЛШ и ЛЕ за наредната сезона.

Наводно УЕФА ја разгледувала опцијата да се игра само една плејоф рунда, но таа информација е погрешна со оглед на тоа што стигна директен демант од европската куќа на фудбалот.

-УЕФА никогаш не размислувала за тоа да на шампионите на националните првенства им ја скрати можноста на терен да се квалификуваат за групната фаза од Лигата на шампионите.

-УЕФА сака да разјасни дека во моментов само го следи напредокот на ситуацијата и потенцијалнот удар што ќе го има врз форматот на квалификациите за натпреварувањето во наредната година. До денес не се разгледувани никакви опции за промена на форматот на квалификациите за европски клупски натпреварувања, -порачаа од УЕФА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни