Добри вести за Ливерпул и Арсенал: Монако ја подотвори вратата за Лемар

Одличниот офанзивец, Томас Лемар може да го напушти Монако во овој преоден рок, потврдија од таборот на францускиот шампион.

Досега клубот од малото кнежество отфрлаше таква опција за заминување на било кој позначаен играч и ѕвезда во јануари, но ако до нив дојде „дебела“ понуда се може да се случи.

-Ние не сме навикнати да продаваме на зима. Ама трансфер пазарот трае до крајот на месецот и многу работи може да се случат, -истакна тренерот на Монако, Леонардо Жардим.

Оваа информација сигурно најмногу ќе им се допадне на премиерлигашите Ливерпул и Арсенал кои уште од летото пројавија сериозен интерес за него. „Црвените“ бараат замена за Филипе Кутињо кој замина во Барселона, додека пак Арсенал во Лемар гледа наследник на Алексис Санчез за кого се повеќе се говори дека уште овој месец може да потпише за лидерот во Премиер лигата, Манчестер Сити.

Facebook Коментари