Поврзете се со нас

НБА

Добри вести за Лејкерс: Познато е кога Леброн се враќа на терените

Објавено

на

foto: x.com/NBAspain

Лос Анџелес Лејкерс претрпе убедлив пораз од Милвоки Бакс на свој терен, но во меч во кој домашниот тренер Џеј-Џеј Редик не можеше да смета на најголемите ѕвезди Дончиќ и Џејмс, но и на Ривс, Хачимура, Фини Смит, Вандербилт и Клебер кој веќе долго време отсутен од терените.

Некои од овие имиња беа одморени затоа што се враќаат од повреди, ама и такви кои некое период се во аут, ама набрзо ќе бидат подготвени за настап.

Имено според последните вести Леброн е во завршна фаза на надминување на повредата и се очекува да виде во комбинација веќе за саботниот меч со Чикаго Булс.

Истото важи и за Хачимура што значи дека „езерџиите“ ќе вратат двајца стартери што е одлична вест за клубот кој сигурно до крајот на регуларниот дел ќе се бори за второто место на Западот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни