Поврзете се со нас

Германија

Добри вести за Дортмунд: Халанд се враќа за пресметката со Фортуна Дизелдорф

Објавено

на

Тимот на Борусија Дортмунд се уште официјално ги нема загубено шансите за титула во Бундеслигата, меѓута повеќе од јасно е дека ќе биде исклучително тешко да се стигне Баерн Минхен кој има предност од седум бода на четири кола до крајот, односно примерна чел ќе биде да се задржи сегашната втора позиција.

Дортмунд за таа завршница, битка ќе може да смета на еден важен ас, напаѓачот Ерлинг Халанд кој е подготвен за настап. Норвежанецот се повреди на 26 мај на дербито со Баерн и ги пропушти средбите со Падерборн и Херта, но ќе биде фит за настап против Фортуна Дизелдорф.

Оваа информација ја соопшти тренерот Лусиен Фавр кој исто така посочи дека и капитенот Марко Ројс е во тренажен процес и се надева брзо ќе се врати на терените, натпреварите.

-[Халанд] повторно тренира од средата и е вклучен во сè. Тој изгледа многу добро. Инаку, сите други што беа на располагање минатата недела се во ред. Марко започна да тренира со тимот оваа недела. Среќни сме што повторно тренира и сите се надеваме дека ќе може да заигра што е можно поскоро.

-За жал, сè уште не можам да дадам попрецизна прогноза. Тој ќе тренира повторно во петок, -истакна Фавр.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни