Поврзете се со нас

Италија

Добри вести за „црвено-црните“: Милан добива „засилување“ по репрезентативната пауза

Објавено

на

Пред екипата на Милан е доста напорен распоред во наредниот период, па на тренерот Стефано Пиоли ќе му биде потребен секој играч што е фит и подготвен да помогне.

„Росонерите“ во изминатиов период добија неколку лоши вести, но сега има една позитивна и истата се однесува на офанзивецот Анте Ребиќ. Според „Калчомеркато“ Хрватот ги има надминато проблеми со грбот и ќе му се приклучи на тимот, односно ќе биде во комбинација за пресметката против Емполи во Серија А.

Токму во тој дел италијанскиот шампион се соочи со доста проблеми и многу товар падна врз Оливие Жиру. Златан Ибрахимовиќ ќе се врати на терените дури наредната година, Дивок Ориги исто така не може да крене глава иако се очекува да се врати против Челси или Јувентус наредната седмица.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни