Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Добри вести за Барселона: Ќе бидам подготвен за дербито со Атлетико

Објавено

на

foto: twitter.com/Pedri

Барселона го совлада Порто со 2-1 и со тоа официјално обезбеди место во нокаут фазата во Лигата на шампионите.

Каталонците во претходните две изданија не успеваа да ја минат групата, но сега не дозволија нов шок и во 2024 година ќе бидат дел од оние натпревари, битки кои со нетрпение ги очекуваат сите фудбалски фанови.

Човек на пресметката на „Монжуик“ беше Жоао Кансело кој едноставно беше незадржлив за противникот, даде одличен гол, а потоа и забележа асистенци при погодокот на Жаоо Феликс. Meѓутоа дефанзивецот ја напушти играта во 82 минута поради некаков проблем и со тоа ги загрижи навивачите со оглед на тоа што следува дербито со Атлетико Мадрид.

Сепак самиот фудбалер потврди дека не е ништи сериозно и дека ќе му биде на располагање на тренерот Чави Ернандес.

-На натпреварите со репрезентацијата и на „Валјекас“ почувствував оптоварување на мускулот. Денеска малку повеќе. Ќе бидам подготвен за натпреварот со Атлетико Мадрид во недела, -порача Кансело за „АС“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни